fb_img
+389 2 3078 801 ONLINESHOP@CITYBOX.MK НАЈАВА/РЕГИСТРАЦИЈА

УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА



По креирање на нарачката ќе добиете меил за потврда на успешноста на нарачката.
Откако нарачката ќе биде обработена се предaва на курирска служба за достава и добивате потврден меил со фактура за нарачката.
Нарачките направени за викенд и државни празници се процесираат наредниот работен ден.
Доколку во една нарачка имате повеќе од еден производ, можно е производите да бидат од различни магацини и да ви пристигнат како посебни пратки во различен временски период.
Наш оператор ќе ве исконтактира САМО доколку има проблем со достапноста на производите. Доколку нарачката е направена во петок после 16ч или во текот на викендот, операторот ќе ве исконтактира наредниот работен ден.
Во период на распродажба, ќе бидат испорачани само производите кои се достапни на залиха.

Испораката се врши преку екстерни курирски служби од понеделник до петок → 8 – 20ч и сабота → 8 – 16ч. на адресата посочена во нарачката. За таа цел, потребно е да обезбедите лице кое ќе биде присутно за превземање на пратката на адресата која што ја имате приложено.
При превземање на пратката потребно е да се потпишете на испратницата која ќе ви ја приложи курирот.
Доколку курирот не успее да ве пронајде на посочената адресата, тогаш повторно ќе се обиде телефонски да ве исконтактира на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.
Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Трошокот на испорака е обврска на City Box во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.

Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена.

За нарачки чија вредност е под 2490 денари, трошокот за достава е 150 денари.
За нарачки чија вредност е над 2490 денари, трошокот за достава е бесплатен.
Трошокот за достава се плаќа на врата при испорачување на пратката.