fb_img
+389 2 3078 801 ONLINESHOP@CITYBOX.MK НАЈАВА/РЕГИСТРАЦИЈА

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ



Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Сити Бокс, значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

Податоци за компанијата:
Назив: Друштво за трговија на спортска опрема, услуги и инжинеринг СПОРТ М ДОО експорт-импорт Скопје, подружница Сити Бокс
Адреса: ул. Јадранска Магистрала бр. 139, Скопје
Контакт телефон: +389 23078 801
Веб страна: www.citybox.mk
Email: onlineshop@citybox.mk
Шифра на дејност: 47.64 Трговија на мало со спортска опрема во специјализирани продавници
Даночен број: 4030004519907

Податоци за Офицер за заштита на лични податоци
Име и презиме: Наташа Јовановска
Kонтакт телефон: 071/391-083
Е-маил адреса: natasa.jovanovska@sport-m.com.mk

1. Политика за Приватност

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Сити Бокс, (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.citybox.mk (понатаму: ”интернет страница") и/или користење на услугата за веб продажба на Сити Бокс, која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Достава”. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

2. Кои лични податоци ги собираме

При посета на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.

При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, Сити Бокс ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта

При користење на услугата On-line купување, Сити Бокс ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

• вашето име и презиме
• адреса
• телефонски број
• адреса на е-пошта

При користење на услугата Рефундирање на средства, Сити Бокс ги обработува Вашите лични податоци и тоа:

• вашето име и презиме
• информации за Вашата трансакциска сметка

При користење на услугата Контакт во Информации, Сити Бокс ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

• вашето име и презиме
• адреса на е-пошта

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Сити Бокс ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

• адреса на е-пошта

Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. За повеќе детали Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.

3. Начин на собирање на личните податоци

Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

4. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

Сити Бокс ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
• администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 6;
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.citybox.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за рефундирање на средства;
• за контакт по пат на електронска пошта;

5. Начин на обработка на Вашите лични податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци Сити Бокс ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, Сити Бокс применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

6. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса за”, и дополнително имате право да ја дадете својата согласност да добивате новости за машка колекција, женска колекција или двете. Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: "За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука."

Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: onlineshop@citybox.mk
Контакт телефон: +389 23078 801

7. Вашите права како субјекти на лични податоци

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

• да се информирате од Сити Бокс околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
• да побарате од Сити Бокс да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто Сити Бокс треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
• да побарате од Сити Бокс да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;
• да побарате од Сити Бокс да ги избрише Вашите лични податоци, при што Сити Бокс има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
• да поднесете барање до Сити Бокс со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
• да поднесете приговор до Сити Бокс за начинот на обработката на Вашите лични податоци; и
• да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса: onlineshop@citybox.mk
Контакт телефон: +389 23078 801

или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Наташа Јовановска
Контакт телефон:071/391-083
Е-маил адреса: natasa.jovanovska@sport-m.com.mk.

8. Давање податоци на користење на трети лица

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

9. Пренос на лични податоци во други држави

Сити Бокс не врши пренос на лични податоци во трети држави.

10. Промена на политиката на приватност од Контролорот

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

11. Гаранции и одговорности

Сити Бокс ја управува страницата http://citybox.mk/ од своето седиште на ул. Јадранска Магистрала бр.139, 1000 Скопје. Така, Сити Бокс гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија. Од друга страна, Сити Бокс не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Северна Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Сити Бокс не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Сити Бокс. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Сити Бокс не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа Сити Бокс не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

Сити Бокс нема обврска да ја контролира или прегледува содржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт. Сепак, Сити Бокс има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Сити Бокс не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Северна Македонија.

Сити Бокс Скопје не гарантира дека нарачаниот производ го има на залиха. Процесирањето на нарачки се врши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Доколку во моментот на процесирање на нарачката нарачаниот производ го нема на залиха, Сити Бокс се обврзува во рок од 7(седум) работни дена да Ве извести за недостапноста на истиот. Во случај на недостапност на нарачаниот производ, доколку производот е платен со платежна картичка, потребно е да ја наведете Вашата трансакциска сметка за враќање на уплатените средства од страна на Сити Бокс Скопје.

12. Достава на производ со недостатоци

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.

Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа: - врз основа на презентирање на производот; - употребата за која е разумно дека производот ќе се користи; - времето кога производот е пуштен во промет и - кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрошувачи или договорните обврски.

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употреба, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид: - својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување; - дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи; - презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и - категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара: - бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот; - сразмерно намалување на продажната цена; - замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот; - замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и - раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го врати производот ако недостатокот на производот е минимален.

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда, a Сити Бокс е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на средства, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање испратено по електронски пат.

13. Промена на Политиката за приватност и Условите на користење

Сити Бокс го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите на користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Северна Македонија.

14. Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на Сити Бокс и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Сити Бокс го задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

15. Политика за заштита на личните податоци и информации на корисниците на картички

Сити Бокс ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Сити Бокс не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни. Сити Бокс ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Сити Бокс за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање. При плаќањето со картичка преку интернет, внесот на податоците за картичката се врши на заштитена страница на банката, УНИ Банка АД Скопје, при што Сити Бокс во ниту еден момент нема пристап до податоците на Вашата платежна картичка. При внесувањето на податоците од платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена(криптирана) форма со употреба на SSL протоколот и PKI системот, во моментов како најсовремена технологија. Сигурноста на податоците при купувањето, го гарантира процесорот на платежните картички, при што комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на системот за наплата.

16. Политика и услови на доставување на производ и услуги

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку екстерна куриска служба (Еко Логистик Сервис ДООЕЛ Скопје, Фалкон Логистик ДОО Скопје) на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Сити Бокс настојува да обезбеди соодветни фотографии, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка. Прецизноста за овие информации може да ја добиете на телефон 02/3078 801. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање од курирската служба (Еко Логистик Сервис ДООЕЛ Скопје, Фалкон Логистик ДОО Скопје).

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

17. Политика на поврат на средства по трансакција со платежни картички

Сити Бокс ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. Исто така, Сити Бокс ќе изврши рефундирање на средства во случај кога нарачаниот производ е недостапен во моментов или Вие сакате да извршите враќање на производот. За подетални информации Ве молиме погледнете го делот „Враќање и замена на производи и рефундирање на средства“.

18. Датум на објава на Услови на користење

22.04.2021 година